Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

пред 1 година

Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана.

Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од речиси 200 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција.

Текстот Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top