Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го поздрави десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, кое го објави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и повтори дека Европа ќе продолжи да повикува на почитување на територијалниот интегритет на Либан.
„Го поздравувам најавеното десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, посредувано од претседателот Трамп. Тоа е олеснување, бидејќи овој конфликт веќе одзеде премногу животи“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Iks.
Таа додаде дека Европа ќе продолжи да инсистира на целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан, како и дека ќе продолжи да обезбедува значајна хуманитарна помош за либанскиот народ.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денес на мрежата „Truth Social“ објави дека ќе ги покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Џозеф Аун во Белата куќа, на првите сериозни разговори меѓу Израел и Либан од 1983 година, што, како што рече, било одамна.
Во претходна објава на истата социјална мрежа, Трамп денес објави дека Израел и Либан вечерва ќе започнат десетдневен прекин на огнот, прецизирајќи дека примирјето ќе стапи на сила во 17:00 часот по источно време, односно во 23:00 часот по централноевропско време.
Текстот Фон дер Лајен: Го поздравувам десетдневното примирје меѓу Израел и Либан е превземен од МАКФАКС.






