ФОТО+ВИДЕО: Русите извршија повеќе напади, има многу жртви, се бројат загинати и ранети

ФОТО+ВИДЕО: Русите извршија повеќе напади, има многу жртви, се бројат загинати и ранети

пред 1 година

Во жестоките ракетни напади врз градот Добропилија во источна Украина, што се случиле ноќеска, најмалку 11 лица загинаа, додека 37 други се ранети, од кои пет се деца. Нападите, кои биле спроведени од страна на руските сили, ја зафатија градската област и сериозно ја оштетија инфраструктурата.

 

Како што соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, градот бил напаѓан со ракетни проектили, вклучително и балистички ракети, како и беспилотни летала. Во нападите се оштетени осум катни згради и 30 автомобили, а жртви на нападот се и тројца цивили, кои загинаа во нападот со беспилотно летало врз регионот Харков, на североистокот на земјата.

 

„Во време на гаснењето на пожарот, окупаторите повторно удрија и оштетија противпожарно возило,“ се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Украина.

 

Добропилија, град со предвоено население од околу 28.000 жители, се наоѓа во источниот регион Доњецк, само 22 километри северно од Покровск, кој веќе со недели е под интензивен напад од руските сили.

 

Текстот ФОТО+ВИДЕО: Русите извршија повеќе напади, има многу жртви, се бројат загинати и ранети е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top