(Фото) Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и во Нови Сад

(Фото) Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и во Нови Сад

пред 1 ден

Во Белград и во Нови Сад се појавија огромни плакати со честитки за роденденот на авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко. Зад оваа акција стои конзервативното движење „Наши“, објавува „Нова.рс“.

На постерите поставени во српскиот главен град и во Нови Сад пишуваше: „Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“ Иван Ивановиќ, лидерот на ова десничарско движење, е наведен како потписник.

Ова не е првпат движењето „Наши“ да организира слични кампањи. Во февруари минатата година тие го преплавија Белград со постери со пораката „Србија е со Лукашенко“.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и во Нови Сад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top