(Фото) Драма во Италија: од удар на гром повредени најмалку три лица, со хеликоптер се пренесени во болница

(Фото) Драма во Италија: од удар на гром повредени најмалку три лица, со хеликоптер се пренесени во болница

пред 1 година

Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удрил во плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.

Гром удрил на плажата кај Алба Адриатика, во регионот на Абруцо, пренесуваат медиумите и додаваат дека бројот на повредени може да достигне седум.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат спасувачи собрани околу жената на плажата.

Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.

Цивилната одбрана денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија со можно невреме и чести електрични празнења.

Текстот (Фото) Драма во Италија: од удар на гром повредени најмалку три лица, со хеликоптер се пренесени во болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top