(Фото) Израелски војник уништи статуа на Исус со чекан, се огласи Нетанјаху

(Фото) Израелски војник уништи статуа на Исус со чекан, се огласи Нетанјаху

пред 5 часа

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека е згрозен и тажен од видеото на кое се гледа како израелски војник очигледно уништува статуа на Исус со чекан, во јужен Либан.

„Го осудувам овој чин најостро“, напиша Нетанјаху во објава на социјалната мрежа X.

Нетанјаху, исто така, ги објави следните чекори.

„Воените власти започнаа кривична истрага и ќе преземат строги дисциплински мерки против сторителите“, се вели во објавата.

„Израел е единственото место на Блискиот Исток кое ја почитува слободата на вероисповед за сите. Жалиме за овој инцидент и за секоја болка што ја предизвика“, вели премиерот на Израел.

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, исто така, го осуди инцидентот претходно, барајќи „брзи, строги и јавни последици“. Израелскиот министер за надворешни работи го опиша настанот како „сериозен и срамен“.

фото/Depositphotos

Текстот (Фото) Израелски војник уништи статуа на Исус со чекан, се огласи Нетанјаху е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top