Франција воведува ПЦР-тест за сите патници кои сакаат да влезат во земјата

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.

Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ што се одржа во четвртокот.

Share
Scroll to Top