Француски носач на хеликоптери ќе пристигне во источниот Медитеран во следните пет или шест дена за да заземе позиција во случај да се донесе одлука за евакуација на странски државјани од Либан, изјави портпаролот на француската војска.
Западните земји ги разгледуваат опциите за безбеден транспорт на нивните државјани од Либан доколку таму избувне целосна војна, при што Кипар и можеби Турција се споменуваат како можни засолништа за десетици илјади луѓе.
Израел соопшти дека во вторникот во јужен Либан избувнале интензивни борби со Хезболах кога израелските падобранци и командоси извршиле напади таму на почетокот на копнената инвазија и по смртоносните воздушни напади врз раководството на либанската милиција, пишува „Хина“.
Франција, која има 20.000 свои државјани во Либан, го испрати својот носач на хеликоптери „Диксмуд“ од пристаништето Тулон на Блискиот Исток во понеделникот, изјави портпаролот на француската војска.
Текстот Франција испраќа носач на хеликоптери за да ги евакуира своите граѓани од Либан е превземен од МАКФАКС.






