Нападнат полициски конвој во Франција има  загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

Франција стравува од немири за време на изборите: 30.000 полицајци се распоредени низ целата земја

пред 2 години

30.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени во недела во Франција, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува „Фигаро“.

Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ги спречи овие сили „да ги искористат предностите на изборните резултати за да создадат неред“, рече Дарманен.

Текстот Франција стравува од немири за време на изборите: 30.000 полицајци се распоредени низ целата земја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top