Обвинителството во Париз започна истрага по повод обвинувањата за силување против државната француска секретарка за развој и меѓународна соработка Хрисула Захаропулу.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Истрагата е отворена откако во обвинителството стигна обвинение дека Захаропули, која по занимање е гинеколог, пред да стане членка во француската влада, гинеколошки прегледала две жени без нивна согласност, пренесе „Асошиетед прес“.
Францускиот закон го дефинира силувањето како секој чин на сексуална пенетрација сторен над дргуги со насилство, принуда, закана или изненадување, наведува агенцијата.
Првата пријава за силување против Захаропулу била поднесена на крајот на мај, брзо по нејзиното именување за државен секретар, а другата е поднесена минатата недела, соопштија денес од париското обвинителство и додадоаа дека била наредена истрага.
Претходно за силување беа обвинети и министерот за внатрешни работи на Франција, Џералд Дармаен и Демијан Абад, министер за солидарност, автономија и лица со инвалидитет.