Француски имунолог: Нема враќање во нормала до есента 2021 година

пред 4 години

Граѓаните на Франција веројатно нема да се вратат во нормалниот постковид-живот до есента 2021 година, изјави имунологот Жан-Франсоа Делфраси.

„Имаме вирус кој продолжува да циркулира силно и само што излегуваме од втор карантин“, рече имунологот, кој исто така е висок владин научен советник, пренесува „Ројтерс“.

Со повеќе од 2,42 милиони случаи на коронавирус, Франција е петта по бројот на заразени во светот.

Франција вчера забележа 18.254 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен број на заболени во последниот месец.

Share
Scroll to Top