Хегсет: Конфучиевите институти на американските универзитети се закана за националната безбедност

Хегсет: Конфучиевите институти на американските универзитети се закана за националната безбедност

пред 2 часа

Американското Министерство за одбрана ги прогласи културните центри финансирани од Кина, познати како Конфучиеви институти, кои работат во универзитетски кампуси, за закана за националната безбедност на САД, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Вашингтон подолго време ги обвинува овие институти дека служат како средство за ширење кинеска пропаганда и презема мерки за ограничување на нивното работење.

Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Хегсет изјави дека Конфучиевите институти на американските универзитети дејствувале прикриено и дека Пентагон ги ставил на списокот на организации што ја загрозуваат националната безбедност на САД.

„Се покажа дека се појавиле 80 нови пропагандни ќелии на 30 универзитети, кои користеле различни имиња и статути, но имале иста цел – кражба на интелектуална сопственост и инфилтрирање во умовите на американските студенти“, рече Хегсет.

Тој додаде дека Министерството за одбрана во изминатите два месеца систематски ги расформирало сите овие организации.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Конфучиевите институти се центри за изучување на кинескиот јазик и култура, финансирани од кинеската држава. Нивното работење со години е предмет на критики во САД, каде што властите изразуваат загриженост дека преку нив Пекинг може да влијае врз академската средина и да шири пропаганда.

Текстот Хегсет: Конфучиевите институти на американските универзитети се закана за националната безбедност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top