Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон започнува „економски ден Д“ против Техеран.
„Ние во никој случај не ја исклучуваме можноста за извршување воени напади било каде во Ормускиот теснец или во близина на Иран“, изјави Хегсет за новинарите, додавајќи дека Иран не може да го издржи економскиот притисок на кој е изложен, објави Ројтерс.
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач на Иран со САД, Мохамед Багер Калибаф, претходно на социјалните мрежи објави дека „Американците знаат дека никој нема да им верува на нивните глупости“, пренесува Танјуг.
Текстот Хегсет: Покрај санкциите, САД не ја исклучуваат употребата на воена сила против Иран е превземен од МАКФАКС.





