Холандија го продолжува полицискиот час

пред 4 години

Холандската влада ќе го продолжи полицискиот час, потврди министерот за правда.

Полицискиот час, кој беше прв во оваа земја од Втората светска војна, предизвика неколку дневни протести во неколку градови, а беше воведен на 23 јануари.

Тимот на владини советници наведува дека ситуацијата е полоша од што се очекувала по прашање на инфекција и хоспитализација.

„ Расте бројот на случаи на зараза со британскиот вид на вирус и продолжуваме со полицискиот час“ изјави министерот.

Новите случаи во Холандија сепак се во опаѓање, но владата продолжува со мерките бидејќи се очекува дека наскоро ќе дојде до пресврт на тој тренд поради растот на заразата со новиот вид на вирус.

Share
Scroll to Top