Хрватската амбасадорка во Украина Аница Ѓамиќ го напушти Киев и е на пат за Лавов каде ќе престојува и ќе ја извршува својата должност.
Таа ќе им помага на хрватските граѓани и ќе ја следи ситуацијата во Украина.
За ова утрово информираше премиерот Андреј Пленковиќ, пишуваат хрватските медиуми.