Чад, урнатини и уништување – објавени нови сателитски снимки од руското бомбардирање на Украина

пред 3 години

Новите сателитски снимки објавени од приватната американска компанија за вселенска технологија „Maxar Technologies“ уште еднаш покажаа до кој степен руските сили ги оштетиле украинските градови.

Густ црн чад и оштетени згради се видливи на бројните сателитски снимки направени над Украина.

Снимката го покажува руското бомбардирање на украинските градови Чернихив, Ирпин и Талакивка.

Во меѓувреме, украинската армија тврди дека го ослободила Макарив, град на околу 50 километри од Киев и дека руските сили се повлекле од него, јавува Си-Ен-Ен, кој не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Share
Scroll to Top