Четворица киднапирани турски туристи пронајдени во куќа во близина на Сараево

пред 3 години

Четворица турски државјани се ослободени откако неколку дена биле врзани во куќа во местото Кованиќи кај Топчиќ Поље, пишува сараевскиот портал „Кликс“.

Од МВР на Зеничко-добојскиот кантон за порталот посочиле дека се прибираат податоци за овој случај и дека повеќе информации ќе се знаат во текот на денот.

Туристите наводно биле затворани и чувани во куќата како затвореници, а сето тоа го правел човек кој наводно и бил од претходно познат на полицијата.

По неколку дена, еден од туристите успеал да се ослободи и да побара помош од мештаните во Кованиќи, кои потоа повикале полиција и ги ослободиле другите туристи.

Тие сега се под заштита на полициски службеници.

Share
Scroll to Top