16-годишно момче почина за време на фудбалски натпревар во Белград, објавија регионалните медиуми.
Според извештаите, се се случило за време на натпреварот меѓу кадетските екипи на „Бараево“ и тимот „011“.
На 16-годишното момче, чиј идентитет не е соопштен, му се слошило за време на играта, а по реанимацијата, лекарите констатирале смрт.
“Тој излезе од теренот и падна. Децата на двата тима беа ужасно потресени од трагедијата што се случи и не можам да кажам многу за тоа во шок”, изјавил млад фудбалер од тимот „011“.
Според очевидци, момчето го напуштило теренот и паднало.
И покрај обидите на лекарите за реанимација, момчето починало.