Шефовите на НАТО денеска разговараат со Зеленски, но и со индо-пацифичките лидери

Шефовите на НАТО денеска разговараат со Зеленски, но и со индо-пацифичките лидери

пред 1 недела

Лидерите на НАТО денеска во Вашингтон ќе разговараат со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, по што ќе следат дополнителни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Овие состаноци го завршуваат тридневниот самит на НАТО, кој започна во вторникот со прославата на 75-годишнината од формирањето на алијансата. Бидејќи НАТО е евроатлантски сојуз, четирите индо-пацифички земји не се членки, но се поканети да разговараат за заедничките безбедносни интереси во регионот.

Пред самитот, Кина го обвини НАТО дека поттикнува тензии во азиско-пацифичкиот регион, каде што Алијансата одржува партнерства со четири земји. НАТО, во меѓувреме, ја повика Кина да ја прекине „сета материјална и политичка поддршка за руските воени напори“ во Украина.

Советот НАТО-Украина ќе се одржи по состанокот со индо-пацифичките лидери.

Вчера и завчера, лидерите на НАТО најавија дополнителна воена поддршка за напорите на Украина да ја одбие руска инвазија, вклучително и системи за противвоздушна одбрана и ветување дека ќе потрошат 40 милијарди евра во текот на следната година. Тие, исто така, го прогласија патот на Украина кон членството во НАТО за „неповратен“.

САД, Данска и Холандија вчера објавија дека во тек е ветената испорака на американски борбени авиони Ф-16 од Данска и Холандија.

Текстот Шефовите на НАТО денеска разговараат со Зеленски, но и со индо-пацифичките лидери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top