Шолц: Ирпин стана симбол на незамисливата суровост на руската војна

пред 3 години

„Украинскиот град Ирпин, како и претходно Буча, стана симбол на „суровоста на руската војна” во Украина и нејзиното бесмислено насилство“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ова денеска го изјави германскиот канцелар – Олаф Шолц за време на посетата на предградието на Киев. Тој повтори дека војната мора да заврши.

„Ирпин, како и Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши“ – напиша Шолц на Твитер.

Германскиот канцелар е во посета на Украина заедно со францускиот претседател – Емануел Макрон и италијанскиот премиер – Марио Драги.