Шолц: Проширувањето на Западен Балкан треба активно да се поттикнува

пред 3 години

Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, туку треба активно да се поттикнува, истакна денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција, Шолц рече дека кога зборувал за ЕУ, мислел и на земјите од Западен Балкан.

„Не е доволно да се зборува за перспективата за проширување на Унијата во тој регион како стратешка цел.

Тоа мора активно да го поттикнуваме“, нагласи германскиот канцелар.

Share
Scroll to Top