Шолц: Путин не смее да успее во агресорската војна против Украина

Шолц: Путин не смее да успее во агресорската војна против Украина

пред 18 часа

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европа и Западот треба да направат се за да ги заштитат и зачуваат основните принципи на меѓународниот поредок и укажа на важноста од континуирана поддршка за Украина.

„Најфундаменталниот принцип е неповредливоста на границите и тоа важи насекаде. Секој што го оспорува овој принцип го оспорува поредокот заснован на правила како целина. Затоа (рускиот претседател Владимир) Путин не смее да успее во војната за агресија што ја има започна против Украина“, рече Шолц на пленарната сесија на 55-от годишен состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.

Според него, Путин сакал да ги подели Украина и ЕУ, а наместо тоа Украина е кандидат за членство во ЕУ. Исто така, додаде тој, рускиот претседател сака НАТО да биде поделен и послаб, додека е обединет и има две нови членки, Шведска и Финска.

„Тој сакаше воено да ја потчини Украина, а наместо тоа украинската армија е многу посилна отколку пред војната и опремена со западно оружје. Ова е пред се благодарение на храбриот народ на Украина, но и резултатот на нашата поддршка. Оваа поддршка е и ќе остане „патот кон вистински и праведен мир во Украина“, нагласи германскиот канцелар.

Текстот Шолц: Путин не смее да успее во агресорската војна против Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top