Шри Ланка со чај ќе го исплати долгот на Иран за нафта

пред 4 години

Шри Ланка планира да го подмири долгот за увезената нафта од Иран со месечни плаќања во чај, изјави денеска министерот за земјоделство на Владата на Шри Ланка, Рамеш Патирана.

Тој потврди дека неговата влада има намера да испраќа чај во вредност од 5 милиони долари во Иран секој месец за да го отплати вкупниот долг за иранската нафта, кој изнесува 251 милион долари, пренесе Би-Би-Си.

Шри Ланка минува низ сериозна должничка и финансиска криза влошена со губењето на приходите од туризмот за време на пандемијата на коронавирус.

Share
Scroll to Top