Во Јужна Африка денеска почна масовна вакцинација против Ковид-19, пред се на граѓаните над 60 години и оние кои се изложени на ризик, а планот на владата е да се вакцинираат 16,6 милиони граѓани за шест месеци.
Министерот за здравство, Звели Мхизе изјави дека тоа ќе се постигне доколку вакцините се достават на време, пренесува „Фигаро“.
„ До крајот на јуни се надеваме дека ќе добиеме 4,5 милиони вакцини на „Фајзер/Бионтек“ и два милиони вакцини на „Џонсон и Џонсон“, рече тој.
Африканскиот континент е официјално најзагрозен од пандемијата и досега 1,6 милиони луѓе се разболеле од коронавирус, а 55.210 луѓе починаа.