Јуриј Ушаков: Русија е подготвена за преговори со САД доколку добие сигнали од Вашингтон

Јуриј Ушаков: Русија е подготвена за преговори со САД доколку добие сигнали од Вашингтон

пред 19 часа

Русија е отворена за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт доколку од Вашингтон дојдат соодветни сигнали, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека Москва се уште не добила конкретни предлози од Вашингтон за организирање телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува РИА Новости.

„Нашиот претседател, исто така, истакна дека и покрај медиумските информации за намерата на претседателот Трамп да организира, особено, телефонски разговор со нас, сè уште нема конкретни предлози од Вашингтон во врска со тоа“, изјави Ушаков за новинарите по разговорите на Путин со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Ушаков претходно истакна дека прво треба да се решат горливите прашања, а потоа практичните.

„Прво, сепак треба да се договорите за главните прашања, а кога некои договори ќе се постигнат или се некаде на повидок, тогаш на ред ќе дојде да се решат практичните прашања, што во случај на договор на високо ниво за некои важни прашања дека ќе биде полесно да се решат“, рече Ушаков на прашањето како може да се организира средба меѓу Путин и Трамп во сегашните услови.

Текстот Јуриј Ушаков: Русија е подготвена за преговори со САД доколку добие сигнали од Вашингтон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top