„ Мора да се вакцинирате за да освоите“, објави гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, најавувајќи лотарија од 5 милиони долари како поттик за њујоркчани да се вакцинираат следната недела против коронавирус.
Програмата обезбедува бесплатна грепка за сите њујоркчани постари од 18 години кои примиле вакцини на „Модерна“, „Фајзер/БиоНТех“ или „Џонсон и Џонсон“ од 24-28 мај.
Today we announce a big new reason to get vaccinated: A chance to win up to $5 million!
Get vaccinated at any of 10 state vax sites and receive a free NYS Lottery scratch off ticket with a grand prize of $5 million.
Must be 18 or older.
Details: https://t.co/QwcahJI1gu
— Andrew Cuomo (@NYGovCuomo) May 20, 2021
„ Со забавување на темпото на вакцинација во државата, треба да бидеме креативни за да вакцинираме повеќе луѓе“, рече Куомо во изјавата.
„ Колку повеќе жители на Њујорк се вакцинираат, толку побрзо ќе се враќаме во нормала“ додаде тој.
Куомо вели дека 63 проценти од возрасните во Њујоркер биле вакцинирани со единечна доза на вакцината, а 54 проценти биле целосно вакцинирани.
Лотарија што се користи како поттик за вакцинирање може да донесе добивки од 20 долари до 5 милиони долари.
Државата Охајо минатата недела објави дека ќе ја поттикне вакцинацијата со помош на лотарија, во која ќе доделува пет недели по ред добивки од 1 милион долари на оние кои се вакцинирале, а првиот добитник ќе биде објавен на 26 мај.