Џонсон претстави план за одговор на руската инвазија на Украина

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите на државите да се приклучат кон неговиот план од шест точки како одговор на руската инвазија на Украина, кој предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и нанесување на најголема можна економска штета на Москва, пренесе Ројтерс.

Џонсон наведе дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путим мора да доживее неуспех.

Неговиот план вклучува и создавање меѓународна хуманитарна коалиција за Украина, поддршка на нејзината самоодбрана и зголемување на економскиот притисок врз Москва. Британскиот премиер повика и на воспоставување дипломатски патишта за деескалација со целосна вклученост на украинската влада, поголема безбедност во евроатлантската област и да се запре „постепената нормализација“ на руските активности во Украина.

Велика Британија планира да ги забрза санкциите кон руските бизнисмени преку нови законски мерки, кои ќе ги испрати до парламентот во понеделник.

Share
Scroll to Top