Џонсон со апел до граѓаните пред укинувањето на мерките: Ве молам, внимавајте

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика британската јавност да биде претпазлива и рече дека луѓето ќе мора да се самоизолираат кога тоа ќе им биде укажано, откако утре Англија ќе ги укине ограничувањата воведени со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

„Ве молам, ве молам, ве молам, бидете внимателни“, рече Џонсон на видео објавено денеска, снимено откако британскиот премиер се повлече во изолација, објави „Ројтерс“.

Џонсон ги повика граѓаните да бидат претпазливи и да ги почитуваат другите со оглед на ризиците што сè уште ги носи оваа болест и ги повика луѓето да примат втора доза од вакцината кога ќе бидат повикани.

Британскиот премиер и министерот за финансии Риши Сунак ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден, поради контактите со министерот за здравство, Саџид Џавид, кој вчера објави дека се заразил со Ковид-19 и по две примени вакцини.

Претходно, научен советник на британската влада изјави дека скоро е неизбежно бројката на нови случаи од Ковид-19 да достигне до сто илјади дневно, по укинувањето на мерките.

Share
Scroll to Top