Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС сигналот

Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС сигналот

пред 2 дена

Воениот авион што ја превезуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес утрово доживеа „нарушување“ на глобалниот систем за позиционирање – GPS сигналот додека беше на пат кон Литванија, објавија шпанските власти.

Инцидентот се случил додека шпанскиот авион летал во близина на руската енклава Калининград, објави „Скај њуз“.

Авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така имал проблеми со GPS сигналот на 1 септември, за време на летот кон Бугарија, според написите.

„Можеме да потврдиме дека имало GPS блокирање, но авионот безбедно слета во Бугарија. Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат дека тоа се должи на очигледно руско блокирање“, рече тогаш портпаролот на ЕУ.

Фото: принтскрин

Текстот Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС сигналот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top