Авионска несреќа во воздух во Франција, загинати двајца

Авионска несреќа во воздух во Франција, загинати двајца

пред 5 месеци

Две лица загинаа вчера во судир на два француски воени авиони на истокот од земјата, едно лице преживеа, соопштија француските власти.

Францускиот претседател Емануел Макрон напиша на X дека двајца припадници на армијата, капетанот Себастиен Мабир и поручникот Матис Лоренс, се убиени во Рафал Авон, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми јавуваат дека едниот од двајцата студирал за пилот, додека другиот бил пилот.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на X напиша дека третиот пилот преживеал.

Авионите биле дел од воената база Сен Дизие во североисточна Франција.

Текстот Авионска несреќа во воздух во Франција, загинати двајца е превземен од МАКФАКС.