Авион принудно слета во Софија поради агресивно однесување на патник

пред 3 години

Авион кој летал од Париз за Њу Делхи вчера попладне морал принудно да слета во Софија поради агресивно однесување на едне патник. Патникот, кој е државјанин на Индија, за време на летот на компанијата „Ер Франс“, почнал агресивно да се однесува набрзо по полетувањето.

Како што објаснил претствник на Националната истражна агенција, Ивајло Ангелов, патникот се карал со останатите патници, ги навредувал стјуардесите и удирал по вратата на копилотот.

Поради неговото однесување, капетанот морал да бара принудно слетување во Софија, пренесе „Ројтерс“.

„Ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за кое не постои разумно објаснување“ рекол Ангелов.

Човекот, чие име не е откриено, е изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот за што му се заканува затворска казна од 10 години.

Share
Scroll to Top