Авион со 163 патници принудно слетал по полетувањето од Вашингтон – откажал моторот

пред 2 години

Авионот на австриската авиокомпанија АУА морал принудно да слета, веднаш по полетувањето, од аеродромот во Вашингтон поради дефект на еден од моторите.

Според стручниот весник „Остријен вингс“, проблемот на летот Вашингтон-Виена се случил во неделата, а во авионот имало 163 патници и членови на екипажот. Екипажот на авионот Боинг 767-300 побарал принудно слетување откако открил дефект на моторот.

Веднаш по полетувањето, пилотите пријавиле проблем, наведувајќи го дефектот на левиот мотор. Само 30 минути по полетувањето, авионот успеал безбедно да се врати на аеродромот во Вашингтон.

Авионот се уште се наоѓа во Вашингтон и не е повторно пуштен поради дефект.

Share
Scroll to Top