Австрискиот министер за здравство поднесе оставка – не се согласува со олабавувањето на мерките

пред 2 години

Австрискиот министер за здравство Волфганг Микштајн би можел да поднесе оставка овој викенд, тврдат австриските медиуми.

Повикувајќи се на кругови во Партијата на зелените, партијата долго време работи на смена на министерот Микштајн, кој е незадоволен од владините одлуки за пандемијата и пред се не се согласува со речиси целосното укинување на епидемиолошките мерки од 5 март.

Микштајн беше против одлуката, но беше надгласан од поголемиот коалициски партнер, Народната партија (ОВП) и гувернерите на провинциите.

Според неименувани извори, како и неговиот претходник Рудолф Аншобер и на Микштајн му било доста од постојаните напади на ОВП.

За нов министер за здравство се споменува Јоханес Рауч, кој е еден од Зелените со најголемо искуство, задолжен за екологија и транспорт во провинцијата Форарлберг.

Рауч, за разлика од Микштајн, не е доктор, но неговата сопруга Габриела Ссприклер-Фалшлунгер е докторка, која е и шеф на Социјалдемократската партија (СПО) во провинцијата Форарлберг.

Share
Scroll to Top