Австрија го продолжува интервалот помеѓу две вакцини

пред 4 години

Со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе во наредниот период, австриските власти препорачаа продолжување на интервалот помеѓу двете дози вакцина нa компаниите „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“. Наместо лицето да ја добие втората доза по три до четири недели, во иднина ќе се дава по шестата недела.

Министерот за здравство, Рудолф Аншобер, вели дека ова му дало време, односно две до три недели. Ова може да заштити многу повеќе луѓе од тешка форма на болеста, бидејќи по три недели од приемот на првата доза, според Националната комисија за вакцинација, може да се очекува одредена заштита.

Канцеларот Себастијан Курц исто така вели дека оваа мерка може да ја забрза вакцинацијата, затоа што сега е клучно секоја доза што ќе стигне до земјата да се примени најефикасно. Министерството посочува дека во моментов тоа е само препорака на владата, а сè уште е неизвесно дали ќе биде донесена обврзувачка одлука, пренесува „Танјуг“.

Министерството вели дека фрлањето дози на вакцини во секој случај мора да се избегнува и дека доколку е потребно, преостанатите дози треба да се дадат што е можно побрзо на лица кои не припаѓаат на сегашната приоритетна група. Дози треба да се даваат дури и ако погодениот центар за вакцинација нема друга доза за ревакцинација.

Share
Scroll to Top