Австријците стравуваат од нуклеарна војна

пред 3 години

Во Австрија растат стравувањата дека украинскиот конфликт би можел да се прошири, како и дека може да се користи нуклеарно оружје, покажуваат најновите истражувања, пренесуваат тамошните медиуми.

Според таквите истражувања, 38 отсто од Австријците велат дека најмногу ги загрижува употребата на руското нуклеарно оружје во украинскиот конфликт. Дополнителни 28 отсто стравуваат дека конфликтот може да се прошири и во земјите на ЕУ.

Економските последици, во споредба со стравот од нуклеарна војна, им даваат помала грижа на Австријците.

Само 14 отсто се изјасниле дека првенствено ги загрижува можната голема економска криза, додека девет отсто се загрижени пред се за поскапувањето на енергенсите.

Share
Scroll to Top