Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Личниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Руди Џулијани, е позитивен на Ковид-19 и се лекува во болница, објави Би-Би-Си.

Џулијани, кој ги водеше правните предизвици на Трамп за изборните резултати, е последната личност блиска до претседателот што е заразена со новиот коронавирус.

Претседателот и неговиот тим беа критикувани за непочитување на здравствените мерки. Трамп беше заболен од вирусот во октомври.

Џулијани, 76, вчера бил примен во Универзитетската болница Медстар Џорџтаун во Вашингтон.

Поранешниот градоначалник на Њујорк преку твит им се заблагодари на добронамерниците за нивните пораки и рече дека брзо закрепнува.

Неговиот син Ендру Џулијани, кој работи во Белата куќа и беше позитивен на вирусот минатиот месец, објави на „Твитер“ дека неговиот татко „одмара и се чувствува добро“.

Share
Scroll to Top