Азербејџанскиот претседател ја обвини Ерменија за кршење на хуманитарното примирје

пред 4 години

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја обвини Ерменија за кршење на привременото хуманитарно примирје, пренесува ТАСС.

„Вооружените сили на Ерменија бесрамно го прекршија договорениот хуманитарен режим на прекин на огнот и заклучно со 00:02 часот на 18 октомври, користеа тешка артилерија за да пукаат во станбените области и кон борбените позиции на Азербејџан“, напиша Алиев.

„Има мртви и ранети поради овие грозни дејства. Армијата на Азербејџан возврати соодветно и ослободи неколку населени места “, напиша шефот на државата.

 

Share
Scroll to Top