Азизи: Иран ќе одлучи кој ќе поминува низ Ормускиот теснец

Азизи: Иран ќе одлучи кој ќе поминува низ Ормускиот теснец

пред 2 часа

Иран никогаш нема да се откаже од контролата врз Ормускиот теснец, изјави во изјава за Би-Би-Си високиот ирански пратеник Ебрахим Азизи, поранешен командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

– Тоа е наше неотуѓиво право. Иран ќе одлучи за правото на премин, вклучително и дозволите за бродови – рече Азизи, најавувајќи дека контролата ќе биде законски потврдена преку предлог-закон во парламентот, врз основа на член 110 од уставот.

Азизи, кој го предводи парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, нагласи дека вооружените сили ќе го спроведуваат законот и го опиша Ормускиот теснец како едно од средствата за соочување со непријателот.

– Првата приоритетна задача на Иран по војната е обновување на одвраќањето, а Ормуткиот теснец е меѓу нашите главни стратешки лостови – рече Мохамед Еслами, истражувач од Универзитетот во Техеран.

Сепак, соседните земји од Персискиот Залив остро се спротивставуваат на таков пристап. Советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, ја нарече контролата на Иран чин на непријателско пиратство, предупредувајќи дека тоа би можело да постави опасен преседан за другите стратешки водни патишта.

Азизи возврати дека пиратите се оние што го продале регионот на Американците, додавајќи дека САД се најголемиот пират во светот.

Несогласувања се појавија и во рамките на Иран, а министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, предизвика критики кога објави на социјалните мрежи дека теснецот е целосно отворен. Медиумите на ИРГК ја нарекоа неговата изјава лоша и нецелосна, нагласувајќи дека премин е дозволен само за бродови одобрени од иранската морнарица и по плаќање на такси.

Судбината на Ормускиот теснец ќе биде тема на претстојните преговори во Исламабад, каде што е закажана средба на американската и иранската делегација. Американскиот претседател Доналд Трамп испрати тим предводен од потпретседателот Џ.Д. Венс, додека иранските медиуми објавија дека Техеран нема да учествува сè додека продолжува блокадата на иранските пристаништа од страна на САД.

Трамп постојано бараше Иран да го отвори поморскиот коридор, обвинувајќи го Техеран за уцена. Азизи одговори дека Иран само ги брани своите права и ги отфрли обвинувањата на САД.

Текстот Азизи: Иран ќе одлучи кој ќе поминува низ Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top