Актерот Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

пред 2 години

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз (48) на филмски сет во Ново Мексико.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Руст“.

Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент.

Истрагата е во тек.

Во изјава за „Франс прес“, портпаролот на шерифот во Санта Фе рече дека Болдвин разговарал со детективите и засега не е покренато обвинение.

„Дојде доброволно и ја напушти зградата по разговорот“, рече портпаролот.

Share
Scroll to Top