Албанците протестираат за цената на горивото

пред 3 години

Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град на Тирана поради неодамнешните зголемувања на цените, додека владата на Еди Рама им порача да возат помалку.

Албанските власти ја обвинуваат војната во Украина за скокот на цените, а демонстрантите се собраа на главниот плоштад Скендербег, пред да стигнат до канцеларијата на премиерот Рама, носејќи антивладини транспаренти, пренесе АП.

Албанците четврти ден протестираат со намера да се борат за намалување на цените на горивата и одредени прехранбени производи.

Share
Scroll to Top