Американската компанија за онлајн трговија на мало „Амазон“ ќе исплати еднократни празнични бонуси до 300 долари за вработените кои пакуваат и испорачуваат пратки, откако се соочи со синдикални критики за укинувањето на дополнителниот надоместок за работа во ризични околности, поради пандемијата на Ковид-19.
Компанијата соопшти дека на вработените со полно работно време ќе им исплати бонуси до 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, доколку работат во тој гигант за е-трговија во текот на целиот декември, пренесува агенцијата „Блумберг“.