Американскиот носач на авиони останува во Медитеранот поради Русија

пред 3 години

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин одлучи да го остави носачот на авиони во Медитеранот, тој требаше да замине на мисија во Персискиот Залив, но новата одлука е со цел да ги „смири“ Европејците поради тензиите со Русија, соопшти денеска Пентагон, пренесуваат агенциите во регионот.

„Министерот за одбрана и нареди на воздухопловната единица УСС Хари Труман да остане во оперативната зона на Европската команда, наместо да се упати кон оперативната зона на главната команда како што беше планирано “, изјавил член на Пентагон кој сакал да остане анонимен за новинска агенција.

Не спомнувајќи ја тензијата околу Украина, која заедно со западните сојузници ја обвинува Москва дека натрупала десетици илјади војници на нејзината граница поради можна инвазија, функционерот на американското Министерство за одбрана истакнал дека оваа промена на рутата „сведочи за потребата од постојано присуство во Европа“.

„Тоа е потребно е за да им потврдиме на нашите сојузници и партнери дека сме ангажирани во нашата заедничка одбрана“, додал анонимниот соговорник.

Русија и САД се договорија да одржат разговори за Украина и европската безбедност на 10 јануари, по што ќе следи состанок НАТО-Русија два дена подоцна и рунда разговори во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) основана за време на Студената војна за поттикнување на дијалогот Исток-Запад.

Share
Scroll to Top