Американското Министерство за правда бара обвинителите назначени од Трамп да дадат оставка

пред 3 години

Американското Министерство за правда ќе побара од обвинителите што ги назначи поранешниот претседател Доналд Трамп да си дадат оставка, информира висок службеник во Министерството, пренесува „Њујорк пост“.

Од федералниот обвинител што ја надгледува сојузната даночна истрага, во која е засегнат и Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател, беше побарано да остане на позицијата.

На сегашната позиција ќе остане и актуелниот државен јавен обвинител Џон Дурам, кој беше назначен за специјален советник за истражување на потеклото на истрагата Трамп-Русија. Дурам, сепак, се очекува да се повлече од неговата друга позиција како државен јавен обвинтел во Конектикат.

Процесот на транзиција на обвинителите во САД е вообичаен меѓу администрациите. Се очекува да бидат потребни неколку недели за да си заминат неколку десетици преостанати назначени лица од ерата на Трамп и да бидат заменети со лица номинирани од претседателот џо Бајден.

Голем број американски обвинители кои ги избра Трамп веќе ги напуштија своите позиции.

Share
Scroll to Top