Америка бара укинување на патентите на вакцината против корона, Франција се противи

пред 3 години

САД се залагаат за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против Ковид-19 за да се забрзаат производството и дистрибуцијата на скапоцениот серум во светот, соопшти денеска администрацијата на Бајден.

„Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на Ковида-19 бараат вонредни мерки“, рече американската претставничка за трговија Кетрин Таи во изјавата.

„Администрацијата цврсто верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но за да се запре оваа пандемија треба да се укине заштитата на вакцините против Ковид-19“, додаде таа, додавајќи дека Вашингтон е активно вклучен во преговорите со СЗО за укинување на патентите.

Индија и Јужна Африка бараат привремено одземање на патентите за вакцини за да се забрза производството, но некои земји, како што е Франција, се противат на тоа.

Моќните фармацевтски лаборатории претежно се спротивставуваат на одземањето на нивните патенти, истакнувајќи дека тоа ги обесхрабрува скапите истражувања.

Share
Scroll to Top