Америка воведе санкции за ќерките на Путин и семејството на Сергеј Лавров

пред 2 години

Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и роднините на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, поточно неговата сопруга и ќерка.

Како што се наведува, тоа е одговор на администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден на масакрот на цивилите во Буча.

Бајден на Твитер објави дека најавува „нов пакет деструктивни санкции“.

Администрацијата на Бајден верува дека рускиот претседател го крие своето богатство користејќи ги членовите на семејството.

Американски официјален претставник кој најави нови санкции рече дека ако Путин го промени курсот во Украина, САД би можеле да го забават и на крајот да бидат укинати. Американскиот претседател Џо Бајден денеска се очекува да потпише извршна уредба за забрана на нови инвестиции во Русија.

Share
Scroll to Top