Америка ја очекува најтемната здравствена криза во историјата

пред 3 години

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд,  предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе претставува најтемна здравствена криза во историјата на САД.

Трезвената порака од еден од највисоките здравствени службеници во земјата следуваше по прославата на Денот на благодарноста во која милиони Американци ги игнорираа предупредувањата за избегнување патувања и големи собири, дури и со големо зголемување на бројот на случаи со Ковид-19.

Покрај огромната загуба на животи, земјата се соочува и со фактот дека здравствениот систем е затегнат до степен на пукање, рече Роберт Редфилд.

Според него, заразата сега достигнала до сите делови на земјата и продолжува да се шири по многу пострмна патека од кој било претходен бран на пандемијата.

„Реалноста е дека декември, јануари и февруари ќе бидат тешки времиња“, рече Редфилд во живо на презентацијата организирана од Фондацијата на американската трговска комора.

„Всушност, верувам дека ова ќе биде најтешкото време во историјата на јавното здравје на оваа нација“, рече официјалното лице.

До денес, повеќе од 270.000 Американци починаа од Ковид-19. А Институт за метрика и оцена на здравствената состојба на Универзитетот во Вашингтон предвиде дека бројката може да достигне скоро 450.000 до 1 март ако не се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и носење маски.

Share
Scroll to Top