Нападот на Украина на руска територија е голем и многу повеќе од обичен упад, изјави аналитичарот за безбедност и одбрана на „Скај њуз“, професор Мајкл Кларк.
„Почна во мугрите во вторникот и изгледаше како еден од нападите на Легијата на слободата за Русија“, вели тој мислејќи на претходните упади на проукраинските партизани на руска територија.
„Изгледаше како еден од тие напади дизајнирани да ги засрамат Русите и да предизвикаат само мал проблем“, додава тој.
Меѓутоа, како што минувало времето, станало јасно дека Украинците може да ги воспостават своите сили на освоената територија по значителни рани придобивки.
„Изгледа дека Украинците јасно решија да застанат зад ова и за речиси 48 часа го поддржаа со прилично значителна количина војници“, додаде тој истакнувајќи ги извештаите дека американски и германски тенкови и оклопни возила биле испратени на руска територија.
„Се чини дека Украинците окупираа најмалку десет населби. Тие тргнаа кон Суџа, кој е логистички центар, а оттаму се проширија кон североисток и југоисток“, додава тој.
Суџа е последната точка за претовар на руски природен гас во Европа преку Украина.
Што се однесува до одговорот на Русија, Кларк не е импресиониран.
„Русите мислеа дека може да се справат со неколку од нивните резервни баталјони“, вели тој додавајќи дека тоа не се случува.
„Ако сакаат да ги потиснат Украинците, ќе мора да посветат повеќе ресурси за одбрана на Курск“, рече тој.
Текстот Аналитичар за упадот на Украина во Русија: Ова е големо е превземен од МАКФАКС.