Цела Европа, вклучително и Хрватска, е солидарна со украинскиот народ и неговата борба за слобода и вредности кои сите ги споделуваме, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на големиот концертен маратон за Украина.
Музичари, уметници, политичари, спортисти од целиот свет ја поддржуваат Украина со своите пораки за време на големиот меѓународен хуманитарен концертен маратон наречен „Спаси ја Украина – Стоп за војната“ во Варшава.
„Почитувани украински и полски пријатели, Украина е жртва на руска агресија“, напиша хрватскиот премиер на Твитер, додавајќи: „Цела Европа, вклучително и нас во Загреб, Хрватска, изразува силна солидарност со украинскиот народ и неговата борба за слобода“.