Антонов: Пентагон заборави дека американските авиони ја бомбардираа Југославија

пред 2 години

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, ги негираше обвинувањата на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кој рече дека има јасни докази за воени злосторства на руската армија во Украина и потсети на американското бомбардирање на различни земји, пренесува Срна.

– Пентагон веќе заборави како не толку одамна американските и авионите на нивните сојузници ги бомбардираа градовите Југославија, Ирак и Либија. Вашингтон не се ни сеќава на злосторствата на американската армија и платеници во Авганистан и Сирија – вели Антонов во порака на социјалната мрежа „Телеграм“.

Антонов истакна дека ударите на руската армија се насочени само кон украинската воена инфраструктура. Рускиот дипломат посочи и дека украинската армија користи ракети „точка-У“ опремени со касетна муниција и дека не дозволува цивили да си заминат, а врши и присилна мобилизација.

Кирби вчера изјави дека има јасни докази за злосторства извршени од руските сили, за кои Вашингтон помага да се соберат.

Share
Scroll to Top