АП: Украинската градоначалничка убиена и фрлена во јама

пред 3 години

Градоначалничката на Мотижин, лоциран на 50 километри од Киев, била убиена во класична егзекуција, заедно со нејзиниот сопруг и синот, изјави жителка за Асошиетед прес.

Според Асошиетед прес, Олха Сукенко и нејзиното семејство биле застрелани и фрлени во јама во шумата зад три куќи каде што спиеле руски војници. Четвртото тело сè уште не е идентификувано.

Беше објавено дека градоначалничката и нејзиното семејство биле киднапирани од Руси на 23 март и однесени во непознат правец.

Share
Scroll to Top